Фото: Горан Анастасовски

На почетокот на мај во скопската Зоолошка градина се родија пет јужноамерикански коати (nasua nasua). Бебињата напредуваат добро, но уште се одвоени заедно со мајката.
– Тие се се одвоени со мајката и не им го знаеме полот. Коатите, 10 дена по раѓањето ги отвораат очите, а по 20 дена почнуваат да се движат во гнездото. Веќе по 25-26 дена од раѓањето се способни да се качуваат по дрвјата – објаснува ветеринарката Весна Левајковиќ-Трајков.

Беби-бум во Зоолошката градина во Скопје

Коатите до четири месеци цицаат од мајката, а потоа се хранат со цврста храна.

-Онмивори се, сештојади, се хранат со овошје, зеленчук, јајца, инсекти, мекотели, мали цицаци… – вели Левајковиќ-Трајков.

Во Зоолошка се родија бебиња од загрозениот вид бели волци

Убава, поубава, најубава зоолошка градина

Драма во Зоолошка: Спасено од давење мајмунчето Делфина, мајката го отфрлила, сега живее со негувателката Зера