Фото: Игор Бансколиев

Здрава животна средина со чист воздух, чиста околина и повеќе зелени површини е предуслов за обезбедување квалитетен живот за граѓаните на Скопје, порачаа денеска од прес-службата на Град Скопје, додавајќи дека ова ќе бидат и основните заложби во овој четиригодишен мандат.

– Град Скопје има програма и проекти како да се справи со овој горлив проблем. Планот е преку модернизација на јавниот превоз, директно да се влијае и да се подобри квалитетот на воздухот. Покрај тоа планирани се нови велосипедски патеки, субвенции за купување на велосипеди и електрични тротинети, со што ќе се мотивираат граѓаните да користат алтернативен превоз. Град Скопје во план има и изградба на пет мегапаркови, со што ќе се зголеми зеленилото во градот – се наведува во соопштението од Град Скопје.

Воедно, скопските градски власти посочија дека градската администрација почна интензивно да ги чисти сите диви депонии, со што досега се исчистени над 120 депонии.