Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, со цел подобра информираност на граѓаните на Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата што го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
– Секторот за санитарна контрола во периодот од 14.2.2022 до 18.2.2022 зеде 187 примероци за физичко-хемиска анализа и 187 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 43 мерни места во Скопје. Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РСМ“, бр.183/18) – информираат од водоводното претпријатие.