Фото: Игор Бансколиев

За подобра информираност на граѓаните на градот Скопје, јавното претпријатие „Водовод и канализација“-Скопје го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е, всушност, прва лабораторија во државата што го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 18.4.2022 до 23.4.2022 зеде 185 примероци за физичко-хемиска и 185 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мернo местo во градот Скопје.
Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РСМ“, бр. 183/18).