Фото: Фејсбук/Антонио Милошоски

Tаванот во градинката „Мајски цвет“ во скопската населба Тафталиџе 2 се урнал за време на изминатиот викенд, објави на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Среќа во несреќа е што во градинката „Мајски цвет” таванот паднал за викендов, кога немало дечиња и нема повредени, ниту жртви – напиша Милошоски на Фејсбук.