Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве вршат активности на уредување на вегетацијата на кејот на реката Вардар, во координација со Град Скопје и другите јавни претпријатија.
Уредувањето започна на потегот од Железниот мост, по должината на десниот тек на реката Вардар, кон мостот „Гоце Делчев“, како и на потегот од Железниот мост, по должината на левиот тек на реката Вардар, кон вливот на Серава, како и од вливот на Серава по левиот тек, кон пешачкиот мост во Градскиот парк.
Екипите продолжуваат со косење на зеленилото и уредување на вегетацијата на кејот на Вардар, на потегот од паркот на езерата кон мостот „Близнак“, од паркот на езерата кон ПИОМ, од Камени мост кон мостот на булеварот Филип Втори, како и од пешачкиот мост во Градскиот парк по текот на левата и десната страна на реката Вардар. Екипите со соодветна механизација работат на косење на тревните површини, сечење избојци, косење обрасната нискостеблеста вегетација, чистење на површините на косините и ширините од коритото на реката Вардар. Исто така, екипи од секторот за дрвореди извршија кастрење на диво нискостеблеста израсната вегетација. Досега беше извршена и санација на 27 клупи на кејот, на потегот од Железниот мост до Канал 5ТВ, и на 36 дрвени талпи за седење, на скали спроти вливот на Лепенец во Вардар, односно нивно боење, прицврстување и менување онаму каде што недостигаа.
ЈП „Паркови“ информираат дека во соработка со Град Скопје и другите јавни претпријатија редовно ќе продолжат да работат на одржување на јавните зелени површини во градот во полза на посетителите и за целите за рекреација на граѓаните на кејот на Вардар.