Вчера почна целосна реконструкција на пензионерскиот клуб во населеното место Љуботенски Пат.
Како што информира градоначалникот на Општина Бутел, пензионерскиот клуб ќе добие целосно нов лик.
– Општина Бутел, заедно со општествено одговорни луѓе од ова населено место, ќе му го врати стариот сјај на овој пензионерски клуб и повторно ќе биде во целосна служба за потребите на граѓаните – информира градоначалникот Дарко Костовски на својот фејсбук-профил.
Тој потенцира дека реконструкцијата ќе се реализира во најкраток можен рок.