Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ деновиве ги обележуваа такси-постојките на градските улици и булевари.
Со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, поставуваа заштитни столпчиња на улицата Димитрие Чуповски, а на булеварот Србија извршија асфалтирање на дел од површината на пешачката и велосипедската патека.
На повеќе улици и булевари низ градот екипите на ЈП „Улици и патишта“ вршеа санација на бекатон-плочите на тротоарите и ја обновуваа вертикалната сигнализација.