Во насока на зголемување на безбедноста на пешаците и велосипедистите, вклучувајќи и нормализирање на сообраќајот во Дебар Маало, од денеска започнува реконструкција на три сервисни улици.
На улицата Дебарца ќе се реконструира коловозот на површина од 1.500 квадратни метри и ќе се постават нови рабници на тротоарите, во должина од 450 метри. Улицата Црвена Вода ќе добие нов коловоз на површина од 650 квадратни метри и нови рабници од двете страни на улицата, во должина од 400 метри, а реконструиран коловоз ќе добие и улицата Партизанска, на површина од 1.300 квадратни метри, со нови рабници од двете страни, во должина од 500 квадратни метри.
– Со овие три реконструкции на жителите им овозможуваме одвивање на сообраќајот по нов коловоз, истовремено водејќи сметка и за добросостојбата на пешаците и велосипедистите. Со реконструкциите ќе продолжиме и во идниот период, со цел создавање безбедна и функционална сообраќајна мрежа на територијата на целата општина – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Реконструктивните зафати на овие три улици ќе завршат кон крајот на месец мај, а наредни улици за реконструкција, како што најави градоначалникот, се Петар Поп Арсов, Рајко Жинзифов, Ристо Шишков и Јордан Хаџи Константинов-Џинот.