Реконструкцијата на пешачката патека на улицата Љубљанска е во тек, а екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве го асфалтираа потегот од улицата Волгоградска кон улицата Разловечко востание, на површина од 550 квадратни метри.

– Пешачката патека се реконструира на вкупна површина од 2.300 квадратни метри, во насока од булеварот Партизански одреди до булеварот Илинден, а досега се реконструирани и асфалтирани околу 1.000 квадратни метри. Во наредниот период, градежните активности продолжуваат на потегот од улицата Разловечко востание до булеварот Илинден – информираат градските власти.
Оттаму додаваат дека со обновувањето на пешачката патека ќе се олесни движењето на пешаците на овој потег и ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот во овој дел на градот.