Општина Илинден продолжува со реализација на проектот „Илинден – светла општина“, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување нови линии на улиците во сите населени места, поставување електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување.
– Во рамките на овој проект е поставена нова линија за улично осветлување на влезот во населеното место Бучинци, во должина од 400 метри, како и нова
линија од 50 метри на една споредна улица во ова населено место – информираа општинските власти.
Оттаму додаваат дека покрај активностите за поставување нови линии за улично осветлување, се врши и докомплетирање на постојните линии и се вршат интервенции за отстранување на оштетените места со светилки при што се вградуваат нови.
Досега низ целата територија на општината се променети над 300 светилки, кои се заменети со ЛЕД-светилки, и поставени се 15 столба со ЛЕД-светилки.