Околу десетина улици на кои има зголемена фреквенција на возила и забележано зголемување на брзината, а по реакција на жители, се поставени легнати полицајци.

Опфатени се улиците Кичевска, Злате Михајловски, Ѓуро Салај, Мице Козар, Островска, Црногорска 2, Арсениј Јовков, Мечкин Камен, улиците 1596 и 49.
– По барање на жителите се поставени пречки за намалување на брзината на возилата на повеќе фреквентни локации и улици во урбаните заедници и во близината на училиштата и детските градинки – рече градоначалникот Александар Стојкоски.

Со оваа акција целта е да се подигне безбедноста во сообраќајот и да се спречат евентуални сообраќајни незгоди.