Општина Карпош соопшти дека од пристигнатите барања за субвенционирање млади лица од Карпош за посетување обуки за теориски и практичен дел за полагање за возачка дозвола, Комисијата за доделување субвенции при локалната самоуправа утврдила дека пет нови кандидати ги исполниле критериумите за финансиска помош. Според досегашните податоци, досега 146 кандидати ги исполниле критериумите што се пропишани со јавниот повик на Општина Карпош.
Општината ја објави и листата на новите кандидати за кои било утврдено дека ги исполнуваат условите за добивање субвенции за млади лица од Карпош, кои ќе можат да посетуваат обуки за теориски и практичен дел за полагање за возачка дозвола (Б-категорија). Последните лица што ги исполниле условите за субвенционирање се: Ефстатиос Александар, Ина Бегич, Костадин Попов, Ивана Стаменкова и Леонид Спасов. Општина Карпош ги информира наведените граѓани дека можат да изберат една автошкола, која е посочена во јавниот повик, со што преминуваат во втората фаза од постапката. Од Општината исто така ги информираа граѓаните дека листата на кандидатите што ги исполнуваат критериумите за добивање субвенции ќе биде редовно ажурирана сѐ додека не се исцрпат финансиските средства за оваа намена.