Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје, во текот на изминатиот месец, ја обележија хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари, во вкупна површина од 7.626 квадратни метри.
– Рачно се обележени пешачките премини и автобуските станици на површина од 5.301 квадратен метар на булеварот Партизански одреди, од крстосницата со булеварот ВМРО до крстосницата со улицата Македонски војски. Машински се обележуваа надолжните линии на површина од 2.325 квадратни метри на улиците во централното градско подрачје, Мал и Голем ринг и улиците во општината Аеродром. Исто така, во текот на изминатите денови се обоени заштитните огради на мостот „Обединети нации“ и на мостот на улицата Васил Чакаларов. Поставена е нова вертикална сигнализација, сообраќајни знаци со променлива содржина на булеварот Гоце Делчев на пешачкиот премин по мостот и платоа за смирување на сообраќајот на улицата Ќемал Сејфула, а исправени се околу 30 сообраќајни знаци што беа оштетени – информираат од претпријатието.
Оттаму додаваат дека екипите што работат на ноќното обележување на хоризонталната сигнализација продолжуваат со активностите за рачно обележување на пешачките и автобуските станици во централното градско подрачје, Мал и Голем ринг.