Oпомени за лицата кои живеат во импровизирани живеалишта на јавни површини

254

Комуналните инспектори на Град Скопје извршија увид на јавните површини во делови од градот на кои се поставени импровизирани живеалишта и им изрекоа опомена на лицата кои се населени во близина на НБРМ, пред зградата на „Астера“ и на лицата лоцирани под Кале.

Како што информира Град Скопје, по извршениот увид на терен комуналните инспектори констатирале нарушување на комуналниот ред и јавната чистота, односно непочитување на одредбите од Законот за јавна чистота. Опомената на лицата им е изречена согласно Одлуката за комунален ред во Град Скопје.

– Град Скопје има обврска да се грижи за чистотата во градот, а особено да превенира и да се справува со причинителите на загадувањето на воздухот. На основа на ингеренциите што ги има Град Скопје и секогаш водени од потребата на граѓаните, Град Скопје има намера да го решава ова прашање кое години наназад се провлекува, се вели во соопштението од Град Скопје.