Фото: Маја Јаневска-Илиева

Голем е интересот кај граѓаните за вратените ноќни линии на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“. Ова го покажуваат првичните анализи, откако беа воспоставени ноќните линии на територијата на главниот град.
Како што информираат од ЈСП, граѓаните покажуваат голем интерес за користење на вратените ноќни линии на ЈСП, кои од пред околу еден месец повторно се во функција.
Воведувањето ноќни линии е дел од промените за подобар јавен градски превоз. Со реализацијата на овој проект, за скопјани се обезбедува јавен превоз и за време на ноќните часови.
– Станува збор за девет автобуски линии што сообраќаат по делничен возен ред, и тоа линиите со број 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57 и 65В, додека за време на викендите и државните празници сообраќаат вкупно 11 ноќни линии, и тоа 2, 5, 7, 22, 24, 41, 50, 57, 61, 63 и 65В – информираа од ЈСП.
Сите детали за возниот ред и трасите на ноќните линии се веќе достапни на веб-страницата на ЈСП „Скопје“.