Mал прекин во водоснабдувањето утре во село Радишани

1029

Заради чистење и хлорирање на левата комора од резервоарот за питка вода „Радишани“, утре мали прекини во водоснабдувањето ќе имаат во село Радишани, општина Бутел.

Како што информираат од РЦУК Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе биде во периодот од 9:00 часот до завршување на интервенцијата.