Утре од девет до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од село Усје на потегот кон манастирот, во општина Кисела Вода.

Информацијата за прекинот на електрична енергија ја соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, според известување од ЕВН Македонија.