Kампања за заштита на животните во Зоолошката градина во Скопје

40

 „За здрави и среќни животни“ е кампања за подигнување на свеста кај посетителите, чија цел е да се спречат несовесните посетители да фрлаат храна, но и отпадоци во живеалиштата на животните во Зоолошката градина.

 – Почнавме со кампањата за зашита на животните. Причина за тоа се несовесните граѓани кои и покрај предупредувањата, на животните им даваат висококалорична храна, но фрлаат и отпадоци кои можат да го загрозат нивниот живот. Нашите животни се хранат со здрава храна, редовно и по нормативи. Секој жител на Зоолошката има свое мени, а исхраната е составена само од висококвалитетна храна богата со витамини, минерали, протеини, соопштуваат од Зоолошката градина. 

Директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски вели дека храната што ја фрлаат посетителите штетно влијае на здравјето на овие животни.

Тој додава дека прва во улога на ЗОО негувател се приклучила пејачката Тамара Тодевска со ќеркичката Хана. На Тамара ќе и се приклучат и многу други јавни личности – спортисти, пејачи, актери кои ќе бидат во улога на ЗОО негуватели и ќе ги предупредуваат и едуцираат несовесните посетители да не фрлаат нездрава храна кај животните.