ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“, информираа дека излегле на терен во затворениот паркинг „Нова Македонија“. Според ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, биле искастрени сувите гранки и биле искроени дрвјата, за поголема безбедност за паркираните возила. Во активноста биле вклучени и вработените од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје. Од јавното претпријатие информираат дека ќе продолжат со редовните акции за побезбеден и чист паркинг-простор.