Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), во соработка со сообраќајната полиција во Скопје, минатата недела санкционираа 187 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
– Во периодот од 16 до 22 мај, со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ, се отстранети 124 непрописно паркирани возила, а со поставување механичко средство „блокатор“ се санкционирани 63 возила што биле затекнати во резидентни зони а не биле корисници резиденти на секторот во кој биле паркирани – информираат од Општината.
Оттаму додаваат дека ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка, за да се доведат во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територијата на Општина Центар.