„City Bus“ со летно работно време

81

Од сабота почнува летното работно време на панорамскиот автобус за туристичко разгледување на Град Скопје кој го менаџира ЈСП Турс, „City Bus“.

Автобусот ќе тргнува од 11 и од 17 часот од градскиот плоштад, пред зградата на ЕВН каде ја завршува рутата која е со времетраење од 45 минути до еден час.

ЈСП Турс соопшти дека се менува времето на тргнување, кое претходно беше од 11 и 13 часот, поради топлото време.

Цената на билетот останува непроменета, 150 денари, а туристите добиваат и картичка со едно возење во градскиот превоз.