Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, деновиве почнаа со асфалтирање на реконструираните пешачки патеки во Градскиот парк, во делот меѓу малите езерца.
– Досега е обновена површина од околу 620 квадратни метри со нова асфалтна маса, а патеките се со широчина од три до пет метри и со различна должина. Реконструкцијата на пешачките патеки ќе продолжи и во наредниот период во средишниот дел од паркот, за да се обноват со нов асфалт вкупно 3.000 квадратни метри – информираат од претпријатието.
Оттаму додаваат дека продолжуваат со активностите за реконструкција и асфалтирање и на другите пешачки патеки, со што ќе се добие уреден изглед на Градскиот парк, кој граѓаните го користат за прошетки и рекреација.