Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ја информира јавноста дека од утре, вторник (26 октомври), трасата на линија 50 во Хиподром ќе биде продолжена, односно дел од автобусите ќе возат до Хиподром 2, со ознака 50А.

„Всушност, автобусите на линија 50А во Хиподром ќе сообраќаат по трасата на линијата 63 и ќе ги користат постојните постојки на трасата. Возниот ред на 50А е достапен на веб-страницата www.jsp.com.mk, означен со * во делот возен ред на линијата 50“, се наведува во соопштението.