JСП „Скопје“ ги информира граѓаните дека в сабота, 1 мај, јавниот превоз ќе сообраќа по вообичаен возен ред, без временски ограничувања.

Во другите денови од претстојниот продолжен празничен викенд, односно в петок, недела и в понеделник, автобусите ќе сообраќаат до 21 часот по неделен возен ред.

В сабота и в недела (2 мај) билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

В петок (30 април) и в понеделник (3 мај) дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Од ЈСП потсетуваат дека граѓаните може да набават билети за возење и на 100 локации од секундарната продажна мрежа (трафики, маркети, тобака).