На територија на градот Скопје нема непроодни коловози или поплавени улици, информираат од  скопското ЈП Водовод и канализација. 

– Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје беа искочени на терен и превентивно делуваа за време на денешните обилни врнежи од дожд проследени со силен ветер. Вонредно беа повикани 150 луѓе од секторот водовод и секторот канализација со што не се дозволи да се поплават критичните точки кои најчесто создаваат проблеми при обилни врнежи- велат од ова претпријатие.