Од Јавното претпријатие информираат дека јавниот превоз утре, поради посетатат на Папата Франциск е бесплатен, а поголем дел од линиите ќе имаат изменет режим на сообраќање. Од ЈСП информираат дека нема да работат билетарниците, ниту Жичарницата на Средно Водно.

На официјалната веб страната на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk може да се види детален опис на движење на сите линии кои ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.

За време на утрешната Апостолска посета на папата има посебни правила и прописи на однесување и движење. Оние кои живеат во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот “Голем ринг”, во вторник на 07.05.2019 година, од 06:00 часот до 19:00 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот и истиот ќе биде пренасочен на сообраќајниците околу центарот во Скопје, со цел непречено одвивање на истиот.

Поточно, во овој временски период ќе се формира “Рестриктивна зона” на движење, во која за автомобили целосно ќе бидат затворени следните сообраќајници: Ул. ,,11ти Октомври” од крстосницата со бул. ,,Кочо Рацин” до крстосницата со ул. ,,Димитрие Чуповски”, ул. Даме Груев, ул. ,,Македонија”, ул. ,,Васил Главинов”, ул. ,,Филип 2ри Македонски”, ул. ,,Св. Климент Охридски” (адвокатска) и ул. ,,Иљо Војвода”.

Сообраќајници по кои ќе биде дозволено движењето на возилата кои се движат во редовен сообраќај со цел да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот за време на официјалната посета на Папата, се следните: бул. ,,Кочо Рацин”, ул. ,,11-ти Октовмри” од крстосницата со бул. ,,Кочо Рацин” до крстосницата со бул. ,,Борис Трајковски”, ул. ,,Св.Кирил и Методиј”, бул. ,,Св. Климент Охридски”, бул. ,,Партизански Одреди”, ул. ,,Самоилова” и бул. ,,Гоце Делчев”.

Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП Градски Паркинг и АДСПС во Градот Скопје ќе бидат бесплатни на 06.05.2019 година после 17 часот, како и на 07.05.2019 во текот на целиот ден.

Во прилог ја прикажуваме мапата со посебните сообраќајни правила и затворените улици на 7 мај.