Град Скопје распиша јавен повик за финансирање програми и проекти за младите од интерес за Град Скопје за 2018 година. Програмите и проектите, манифестациите и активностите треба да обезбедат развој, стимулирање и презентација на општествени вредности за младите и достигнувања за подобрување на животот на младите на ниво на град Скопје.

Средствата за програмите и проектите кои поддржуваат активности во различни области се доделуваат од Буџетот на Град Скопје од Програмата за активностите во областа на спортот и младите во градот Скопје во износ од 1.000.000 денари.

Повикот е објавен денеска на линкот: www.skopje.gov.mk/Uploads/Јавни%20ПовициЈавен%20повик%20за%20млади%20за%202018%20година%20МКД.pdf и ќе трае до 16 октомври 2018. 

Апликациите за добивање средства од јавниот повик за млади ги разгледува комисија. Проектот со кој се конкурира и кој ќе биде избран, треба да е краткорочен, т.е. целокупниот проект или последната негова фаза да заврши најдоцна до 15 декември годинава. 

Потребните податоци, како и предлог-програмите и проектите, програмските активности и манифестации, со финансиската конструкција треба да се достават на посебна пријава што може да се подигне во архивата на Градот Скопје (барака број 16) или да се преземе од официјалната веб-страница на Град Скопје www.skopje.gov.mk.