Додека сум јас градоначалник, Водно ќе биде третирано како светост за скопјани. Толку напори вложивме да го ослободиме од возила, да пробиеме велосипедски патеки, да изградиме противпожарни системи, да воведеме бесплатен јавен превоз и да ги означиме планинарските патеки и нема да дозволиме градежната линија да биде качена уште нагоре, како што се правеше во минатото. Впрочем, ГУП-от што во моментот се изработува не предвидува никакво поместување на таа линија, а и целосно ја брише јужната сообраќајна обиколница што требаше да се гради на Водно според претходните планови“, потенцира градоначаланикот Шилегов.

Викендов се отвора новата надолна патека за велосипедисти, која нуди неповторлив 20-минутен адреналин и таа завршува во непосредна близина на овие израмнети ниви. Тука поминува и најфреквентната планинарска патека на Водно (полициската патека) и граѓаните ќе може да сведочат со свои очи дека багери и градежна механизација нема да се вратат на ова место.

„Денес, местото го посетив со главниот градски инспектор Мирослав Богдановски. Драго ми е што добрата соработка со Инспекторатот на Општина Центар спречи уште еден напад врз Водно и што брзата реакција беше иницирана од медиумите, односно планинарите“, изјави Шилегов.