Шалтерите за наплата, во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во пресрет на велигденските празници нема да работат од петок (30 април) до понеделник (3 мај). Со редовни работни активности ќе се продолжи во вторник (4 мај).

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикува граѓаните да ја искористат можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје за услугите на претпријатието.

– Посетете ја нашата веб-страница и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието. Електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје се достапни на следниот линк. Полесен и побрз пристап до услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје е овозможен со мобилната апликација на претпријатието. Информациите поврзани со сметките и нивната наплата се достапни и преку апаратите за наплата – СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје и во ГТЦ на приземје – се наведува во соопштението на ЈП Водовод – Скопје.