И автобуската на последна „35“ и „9“ во Скопје Север е без стреа неуредена и полна со ѓубре

На автобуската постојка на улицата Втора македонска бригада, пред црквата „Свети Никола“, налето единствен спас за сите што чекаат автобус се широките крошни на дрвјата. Нема ниту стреа, ниту знак, ниту некаква табла дека токму тука има автобуска постојка, па оние што доаѓаат на гости во населбата честопати ги прашуваат жителите каде е автобуската постојка. Од минатата година, откако беше реконструиран коловозот на оваа сообраќајница, беше исцртана а жолта испрекината линија со назнака БУС, која е единствениот показател дека тука се чека автобус

На сонце, дожд или снег скопјани на некои локации во градов постојано чекаат автобус на отворено. Било да е зима или лето, чекаат на постојки на кои нема ниту стреи, ниту каква било урбана опрема. Некои од автобуските постојки немаат никакво обележје дека токму таму се чека автобус, па граѓаните што доаѓаат од другите скопски населби го прашуваат месното население каде е автобуската. Таква е на пример постојката на линиите со број „35“ и „9“ во населбата Скопје Север. Покрај тоа што местото не е обележано, истовремено е пусто и недоволно осветлено во вечерните часови, но исто така неуредно и преполно со ѓубре. Нема ниту обележје дека тука има постојка, ниту клупи, ниту пак канти за ѓубре.

На ова место со години граѓаните секојдневно чекаат автобус дење или ноќе, во зима или лето на жешкото сонце. Така е и на постојката пред средното економско училиште „Арсение Јовков“, пред кое учениците по часовите чекаат автобус на отворено. На автобуската постојка на улицата Втора македонска бригада, пред црквата „Свети Никола“, налето единствен спас за сите што чекаат автобус се широките крошни на дрвјата. Нема ниту стреа, ниту знак или некаква табла дека токму тука има автобуска постојка, па оние што доаѓаат на гости во населбата често ги прашуваат жителите каде е автобуската постојка. Од минатата година, откако беше реконструиран коловозот на оваа сообраќајница, беше исцртана жолта испрекината линија со назнака БУС, која е единствениот показател дека тука се чека автобус. Она што е интересно, оваа улица е граница помеѓу двете општини Чаир и Бутел и, во случајов, модерно е опременана само постојката од страната на Чаир. На иста улица две постојки со различни стандарди. Во општината Бутел велат дека немале никаков допис од граѓаните со кој тие побарале да се постави стреа на автобуската постојка, но тоа не значи дека градот не може да го реши ова заедно со јавното сообраќајно претпријатие. Оттаму, пак, и покрај нашето настојување и упатените прашања за проблемот со автобуските постојки уште пред празничните денови, не добивме одговор зошто некои градски локации се оставени без стреи и обележја.

– Навистина не можам да разберам како може толку години во една градска населба да не се постави една стреа под која ќе застанеме и ќе чекаме автобус кога врне снег или дожд. Порано постојката беше малку погоре, исто на отворено и необележана, и бевме изложени на сонце, па бегајќи под сенкиве на дрвјава, некако самите ја поместивме за да си олесниме. Тоа го забележаа возачите и почнаа да застануваат тука, пред црквата „Свети Никола“, а потоа кога ја реконструираа улицата лани на коловозот ја обележаа жолтата испрекината линија за да се означи каде да стојат автобусите. Ама само тоа не ја обележува автобуската. Не можам да разберам зошто од другата страна на улицата, погоре, има модерна автобуска со клупа, канта за ѓубре и со сите нишани, а од оваа страна нема и не поставуваат. Не знам дали треба петиција до општината или, пак, градот треба да го направи тоа со ЈСП „Скопје“ – вели Славица Василева од населбата Скопје Север.

На проблемот со постојките без стреи неодамна реагираа и жители од населбата Козле, а нивната поплака се однесуваше на постојката пред маркетот „Кам“. И тие побараа да им се постави модерна автобуска како што се оние на улицата Васил Ѓоргов.

На Втора македонска бригада се чека автобус под крошните на дрвјата