Улицата Самуилова на Кале, која води до Музејот на современа уметност доби нов асфалт и улично осветлување. Од општината Центар информираат дека реконструирана е површина од 3.200 квадратни метри со должина од 500 метри. Во соработка со градот отстранет е стариот и дотраен асфалт и поставено е ново осветлување по повеќе од 20 години. Од општината велат дека покрај реконструкциите, поставена е и нова хоризонтална сигнализација за поголема безбедност на пешаците и нормален тек на сообраќајот, а најавија и реконструкција на улиците Ганчо Хаџи-Панзов и Димитар Пандилов, кои се во нивна надлежност.