Без електрична енергија останаа жителите на Центар и околните населби кои со струја се снабдуваат од трафостаницата Југ-нова оти гром удрил во далновод и ја оштетил мрежата.

Од ЕВН велат дека работат на премостување за жителите кај кои има прекин, за веднаш да добијат струја од друго место.

– Заедно со МЕПСО се работи на откривање на дефектот. Според очевидци, ошттувањето настанало од гром, но се уе се работи на точно лоцирање. Веднаш штом се утврди, дефектот ќе биде поправен. Корисниците кај кои има прекин во скоро време ќе добијат струја оти паралелно се работи на нивно поврзување на други трафостаници – велат од ЕВН за „Макфакс“.

Очевидци јавуваат дека забележале експлозија откако гром удрил во 110-киловолтен далновод.