Општина Чаир изврши дезинфекција на читалницата на општината, лоцирана спроти поштата во општината Чаир.
Од Општината информираат дека целта е безбедно користење на читалницата.
– Живееме во период на пандемија, но нашиот чекор кон знаењето не смее да застане во ниту еден момент. Затоа, освен нашата секојдневна грижа, за да овозможиме сигурна употреба на општинската читалница од страна на студентите и граѓаните, се погриживме за целосна дезинфекција на нејзините простории – истакна градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, на неговата официјална страница на социјалната мрежа Фејсбук.