Фото: Игор Бансколиев

Метежите создадени од граѓаните кои чекаат за да поднесат барање за лични документи и денеска се забележуваат пред управните простории на Министерството за внатрешни работи (МВР) во Скопје, како што може да се види на фотографиите на фоторепортерот на „Нова Македонија“ Игор Бансколиев.

Чекањето во редици при високите летни температури и вчера предизвика незадоволство меѓу собраните граѓани кои дојдоа да аплицираат за лични документи во закажаните термини.