Фото: ЕХФ

Градот Скопје организира заедничко следење на финалниот натпревар од Ф4 турнирот за титулата во ЕХФ Лигата на шампионите, каде Вардар денеска во 18 часот ќе ги одмери силите со Веспрем од Унгарија.

За големото финале во Келн, Вардар се избори по големата победа над ракометниот гигант Барселона (29-27), додека Веспрем беа подобри од екипата на Киелце (33-30).

По тој повод, Град Скопје на плоштад „Македонија“ на голем видео бим организира заедничко следење и бодрење за новиот триумф на РК Вардар и неговата нова европска шампионска титула.

Ова е трет настап на Вардар на Ф4 турнирите, каде по вторпат ќе се бори за титулата во ЕХФ Лигата на шампионите.