Мајчин дом е место каде можат да се изградат 19.000 метри квадратни и најсоодветно е таму да се префли старата Градската болница, која се наоѓа спроти Собранието на РМ и зафаќа простор од околу 5.000 метри квадратни, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

– Таму е почната реконструкција, но инфраструктурата е многу стара. Сметаме дека е невозможно да се доврши соодветно и тоа да биде една модерна здравствена установа. Дополнително и вработените се согласни со овој концепт – рече Филипче.

Во останатиот простор што може да биде на располагање на местото на сегашниот Мајчин дом, Филипче најави дека ќе разговараат со претставници на интерните клиники затоа што сметаат дека тоа е соодветно место и оти дел од нив може да се префлат таму. Додаде дека дел од интерните клиники работат во лоши услови и имаат многу оштетувања на покривот, чести поплави…

– Нема да наметнуваме решение. Ќе го изнајдеме заедно со стручните директори на клиниките и со колегите од клиниките – рече Филипче.