Со нова фасадна столарија, потпокривна конструкција и електрична инсталација се обновува ООУ „Димитар Миладинов“, поранешно „Браќа Рибар“, на улицата Кочо Рацин. Од општината Центар информираат дека дополнително се поставува и ново осветлување. Овие активности велат дека следуваат по замената на постојната фасада на училиштето со комплетно нова и енергетски ефикасна, која во рекордно време од шест месеци беше завршена во февруари годинава. Обновата на фасадата и фасадната столарија на ОУ „Димитар Миладинов“ се прави по повеќе од 65 години, првпат од неговата изградба во 1954 година. Проектот е финансиран со средства од грантот што општината Центар го доби од Република Бугарија, во висина од 130.000 евра, и исто толку средства што општината ги издвои за оваа намена.

Целосната реконструкција на едно од основните училишта со најдолга традиција на територијата на општината Центар е предвидено да заврши до крајот на летниот распуст, а новата учебна година учениците ќе ја започнат во комплетно обновеното училиште.