По повод денот на независноста во централното градско подрачје во Скопје на 8 септември ќе се одржи централната прослава „30 години независност“.

Поради генерална проба за настанот, в недела (5 септември), од 07.30 до 12.30 и од 15.30 до 20.00 часот затворени за сообраќај ќе бидат: булеварот Кочо Рацин на потегот од крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Кирил и Методиј. Улицата 11 Октомври на потег од улицата Крушевска Република до улицата Димитрие Чуповски. Улицата Филип Втори на потег од булеварот Гоце Делчев до улицата 11 Октомври.

Кеј 13 Ноември на потег од улицата Филип Втори до булеварот Кочо Рацин. Улицата Мирче Ацев на потег од улицата Филип Втори до булеварот Кочо Рацин.

Улицата Димитрија Чуповски на потег од порта Македонија до булеварот Климент Охридски и улицата Даме Груев од крстосницата со улицата Македонија до улицата 11-ти Октомври.

Сообраќајната полиција ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници.