Фото: Илустрација

Корисниците од селото Свиларе и Кондово утре од осум до 15 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето, соопшти РЦУК. 

Прекинот ќе биде поради поради реконструкција на ф-400мм во Пумпна Станица Свиларе.

Мал прекин во водоснабдувањето утре и в петок ќе имаат и жителите на Сингелиќ. 

Прекинот е поради чистење и хлорирање на левата комора од резервоар Синѓелиќ.

Со работа ќе се започне во периодот од 09:00 па се до завршување на работите можно е да има мал прекин на водоснабдување во населбата, додава РЦУК.