Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека утре заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат корисниците во повеќе скопски општини.

Во периодот од 09:00 до 10:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Франк Харкорт Манинг“ во Општина Кисела Вода.

Од 09:00 до 15:00 часот корисниците од улиците 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 во село Батинци во Општина Студеничани, додека без струја утре ќе останат корисниците во периодот од 13:00 до 16:00 часот од ул. „Елисие Поповски Марко“ во Општина Центар.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот струја ќе немаат корисниците од ул. „Крсто Раковски“ бр. 3 и ул. „Шидска“ броевите 4, 6, 8 и 26. во Општина Ѓорче Петров, а во периодот од 09:00 до 11:00 часот корисниците од дел од ул. „Прашка“ во Општина Карпош.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека во периодот од 10:00 до 13:00 часот струја ќе немаат корисниците од маркетите Рептил. Гиго, КАМ и ресторанот Александар на ул. „Радишанска“ во Општина Бутел.

Без струја ќе останат во периодот од 09:00 до 13:00 часот корисниците од ул. „Иван Цанкар“ од бр. 37А до бр. 57Б во Општина Карпош, во периодот од 08:30 до 13:00 часот корисниците од улиците „Васил Левски“ и „Ѓорѓи Абаџиев“ во Општина Кисела Вода, додека во периодот од 09:00 до 11:30 часот корисниците од селата Рашче, Копаница, Бојане и мал дел од село Кондово во Општина Сарај.