Заради технички зафати во дистрибутивната електро – мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Ѓорче Петров, Центар, Карпош и Петровец, информираат од РЦУК по добиеното известување од „ЕВН Македонија“ АД Скопје.

Во периодот од 9 до 10 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од улиците „Депа Кајова“ во општина Ѓорче Петров и улицата „Благоја Давков„ од бр.10 до бр.16 во општина Центар.

Во периодот од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Њуделхиска“ и „Дрезденска“ во општина Карпош.

Во периодот од 10.30 до 11.30 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „Манчу Матак“ поточно околу бр.13 во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 8.30 до 15.30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ке имаат објектите: наплатна рампа Петровец, „Македонија Пат“- Петровец, МВР Петровец, село Чојлија (делот кон еродромот), „Јавно претпријатие за државни патишта“ (Петровец) во општина Петровец.

Во периодот од 9 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Нерешка“ во општина Карпош.