Заради технички зафати во дистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Аеродром, Сарај, Ѓорче Петров, Студеничани и Кисела Вода.

– Во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од улиците 4, 6 и 7 во село Батинци, општина Студеничани, корисниците во село Орман, бетонска база „Гранит Сепарација“, и „Магента“, во општина Ѓорче Петров, како и дел од корисниците од улицата Бел Камен, во општина Центар.

Без струја во периодот од 08:30 до 12:30 часот ќе бидат корисниците од улицата Антон Димитров од број 44 до број 60, во општина Кисела Вода.

Во периодот од 12:30 до 14:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од корисниците од улицата Славејко Арсов во општина Центар, во периодот од 10:00 до 12:00 часот дел од корисниците од улицата Козара, објектите од број 1 до број 26, во општина Центар, а во периодот од 08:30 до 11:00 часот дел од корисниците од улиците Анастас Митрев и Венјамин Мачуковски, во општина Аеродром.

Во периодот од 07:30 до 09:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од Дрвце Сарај, Клучка Матка, Бензиска пумпа Сар, Пумпа и млекара кривина, фирми Антикор, Адеми Иљаз и Исљам Абази, во општина Сарај, а во периодот од 09:30 до 11:30 часот корисниците од улицата Христо Татарчев-подулица 14, во општина Кисела Вода.