Прекин во водоснабдувањето утре од девет часот ќе имаат корисниците на дел од бул. „Партизански Одреди“ и ул. „Црвена Вода“ во општина Карпош, информираат од РЦУК Скопје.

Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок од Ф-80 мм., на бул. „Партизански Одреди“ број: 36.