Дел од корисниците од улица „50-та Дивизија“, фабрика „Окитекс“ и  дел од Клинички Центар во населбата Водно, утре од 9:00 часот ќе останат без вода, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје.

Прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради изведување водоводен приклучок од ф 100мм на улица „50-та Дивизија“ бб, населба Водно.