ЈП „Водовод и канализација“ извести дека утре поради дефект на водоводна цевка на булеварот Кочо Рацин, во Центар, без вода ќе останат корисниците на потегот од „Веро-Џамбо“ до улицата Ленинградска, амбулантата на МВР и Полициската станица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до санирање на дефектот.