Комуналните служби на Општина Аеродром со целокупната расположлива механизација успешно ја спроведоа акцијата за чистење на реоните населба Лисиче, Ново Лисиче, Реонски центар и булеварот Февруарски поход.
– Во акцијата се расчисти значително количество комунален отпад и смет од јавните површини и дивите депонии, а се изврши и метење, стругање и собирање лисја и гранки од плочниците, патеките, паркинзите и парковите – велат од општината.
Оттаму додаваат дека во новиот оперативен план за чистење на општината се вклучија и новите машини за чистење, како дел од новата реорганизација на комуналната служба.
– Наша должност е сите да се грижиме за животната средина и да изградиме повисока еколошка свест за почиста и поздрава околина, за чист и зелен Аеродром – изјави градоначалникот Златко Марин.
Акциите за чистење на другите реони на Аеродром продолжуваат во наредниот период.