Општината Аеродром реконструира и асфалтира повеќе улици во населбите Горно Лисиче и Мичурин и со тоа ги подобри инфраструктурните услови на тамошните жители. Изминатиов период се асфалтирани улици со површина од 4.000 квадратни метри. На овие сообраќајници им беше потребен нов асфалт, а граѓаните сега добија и подобри услови за живот.

Од општината Аеродром велат дека и во наредниот период ќе продолжат со овие активности на ниво на целата територија, за да се подобри инфраструктурата.