Нов асфалт ќе добијат улиците Бахаќска и Црниче, а поради градежните активности утре овие две улици ќе бидат затворени за сообраќај. Како што информираат градските власти, ќе се асфалтира дел од улицата Бихаќска и улицата Црниче, на потегот од улицата Фредерик Шопен до подвозникот во населбата Црниче. Поради тоа, овој дел од улицата ќе биде затворен, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.

Од градот Скопје информираат дека оваа делница ќе биде затворена за сообраќај 24 часа. Надлежните оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.