Во пресрет на претстојните велигденски и првомајски празници, од ЈСП „Скопје“ информираа дека ќе има три дежурни билетарници.

В петок, недела, понеделник и среда дежурни ќе бидат билетарниците кај Зелен пазар и Транспортен центар со работно време од 7 до 19.30 часот. Билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот.